Попоски: Спогодбата меѓу Србија и Косово ги охрабрува сите кои работат за постабилен Балкан

Од:

Министерството за надворешни работи на Република Македонија го поздрави прифаќањето на „Првичната спогодба за начелата за нормализирање на односите“ од страна на Белград и Приштина, уверено дека тоа не само што отвора ново поглавје во односите меѓу двата народа, туку претставува и силен импулс за затворање на отворените прашања во регионот, со цел негова стабилизација, натамошен развој и целосна евро-интеграција.

– Во овие рамки, ги поздравуваме визионерските одлуки на премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, како и посветеноста на меѓународната заедница, особено високиот претставник на ЕУ, Кетрин Ештон, кои покажаа дека до решенија може да се стигне само со меѓусебен дијалог, почитување на европските вредности и заемно разбирање. Со оглед на тоа што изградбата на добрососедски односи, стабилноста и евроатланска иднина за сите земји од регионот претставува долгорочна и континуирана определба на Република Македонија, Министерството за надворешни работи ги поддржува сите напори во овој правец, се вели во соопштението од МНР.

Во врска со ова, министерот Никола Попоски изјави дека и македонски интерес е сите во соседството да напредуваат во интеграциските процеси.

– Прифаќањето на спогодбата меѓу Србија и Косово ги охрабрува сите оние кои работат за постабилен и просперитетен Балкан. Македонски интерес е сите во соседството да напредуваат во интеграциските процеси. Ова е навистина момент за поздравување, вели Попоски.

Би можело да ве интересира

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време