ВИДЕО: Повторно почнаа протестите во Црна Гора, литии на СПЦ на улиците во сите градови

Од:

Во неколку градови во Црна Гора, од денеска повторно продолжија собирите во знак на протест против новиот Закон за слобода на вероисповед.

Собирот во главниот град Подгорица започна со молитва во храмот „Христовото воскресение“ од каде и започна литијата низ улиците во градот, а сето тоа беше организирано од страна на СПЦ.

По 18 часот во Беране почна првата протестна литија.

Централната литија во Подгорица беше предводена од страна на митрополитот црногорско-приморски, Амфилохије Радовиќ.

Пред храмот во главниот град можеше да се забележи големото знаме „тробојка“, а учесниците на собирот извикуваа „Не ги даваме светињите“.

Според порталот „Вијести“, во текот на литијата се случил и инцидент помеѓу двајца учесници на собирите, но истото било веднаш спречено од редарите.

Протестите беа организирани во повеќе градови како: Бар, Будва, Даниловград и Плужине, пренесе националната телевизија на Црна Гора.

Движејќи се низ црногорските улици, верските лидери укажаа дека биле запазени  и мерките за превенција против коронавирусот со држење на дистанца помеѓу верниците и дека нема прекршување на истите, иако на фотографиите може да се види дека народот не држи соодветно растојание и не носи заштитни маски.

Црногорските власти нагласија дека сите собири кои претходно ќе бидат уредно пријавени, истите ќе бидат обезбедувани од страна на полицијата.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија