За време на викендот, лабораториите на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, направиле 128 анализи на новиот коронавирус, а како што е соопштение оттаму, во денешните анализи, еден од примероците бил позитивен, пренесуваат црногорските медиуми.
Се работи за „увезен“ случај, односно лицето било во Босна и Херцеговина претходната недела и од превентивни причини и на сопствено инсистирање е во самоизолација, велат од Институтот.
Инаку Црна Гора на втори јуни прогласи крај на епидемијата од коронавирусот. Првиот случај на коронавирус во Црна Гора беше регистриран на 17 март.
Имаше вкупно 324 регистрирани случаи, од кои 315 се излекувани, а деветмина пациенти починаа.