Започнуваат уписите на учениците во прва година во средните училишта

Од:

Пријавувањето и запишувањето на ученици во прва година, во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 година ќе се реализира во еден уписен рок и истото започнува со првото пријавување кое ќе се реализира секој ден од 16 до 18 јуни 2020 година во периодот од 07 – 19 часот и на 19 јуни 2020 од 07 – 13 часот. Уписите продолжуваат во второто и третото пријавување од уписниот рок на 24, 25 и 29 јуни 2020 година, информираат од Град Скопје.

Средните училишта на Град Скопје го организираат пријавувањето и запишувањето на ученици согласно Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година и Протоколот за постапување на средните училишта во Р.Северна Македонија за време на запишувањето на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година. Со оглед на пандемијата со КОВИД – 19 и потребата од воспоставување на безбеден начин на вршење упис, средните училишта на град Скопје ќе вршат упис на ученици по азбучен ред, однапред распределени по временски термини. Утврдените временски термини се поставени на нивните веб страни од каде точно може да се добијат информации за во колку дена и кои термини ќе се одвива уписот, велат од Град Скопје.

Од учениците се очекува да имаат претходно пополнета Пријава која е електронски достапна како и претходно подготвена целосна документација со цел што пократко задржување во училиштето.

Влезот во училиштето се ограничува само на учениците кои се запишуваат без придружба од родител/ старател со исклучок на ученици кои од оправдани причини се спречени самостојно да го извршат уписот, и во тој случај се дозволува присуство на еден родител/ старател.

Користењето на заштитна опрема како маски и ракавици, оддржувањето на 2 метри физичка дистанца и целосно почитување на насоките од присутните редари е задолжително за секој посетител, се вели во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје