(ВИДЕО) Заев: „Купувам домашно“ за развојна македонска економија, промоција и раст на домашната економска понуда

Од:

„Владата покажа сериозна подготвеност во справување со економските последици предизвикани од коронавирусот.

Во тек е реализацијата на третиот пакет економски мерки кои имаат за цел зајакнување на јавната и приватната потрошувачка и заживување на нашата економија. Концептот Парите кај граѓаните дополнително се проширува.

За првпат државата дава пари директно кај граѓаните со цел да ја зголеми куповната моќ и да ја стимулира приватната потрошувачка. На овој начин поддршката стигнува до сите оние на кои им е потребна“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Невработените лица и примателите на социјална помош добиваат финансиска помош од 9.000 денари

Вработените со примања до 15.000 денари месечно и младите од 16 – 29 години добиваат финансиска помош од 3.000 денари

Ако спаѓате во некоја од наведените категории ве охрабрувам да ја посетите веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk за да се информирате за дали ви следува картичка, нејзиниот паричен износ и постапката на издавање.

Граѓаните не треба да аплицираат за домашната платежна картичка и за истата нема да имаат никакви трошоци.

Овие средства можете да ги искористите во угостителски објекти, продавници за храна и пијалаци, маркети и зелени пазари, аптеки, бутици и онлајн продавници.

Со ова вие директно ѝ помагате на економијата, им помагате на вашите сограѓани кои работат и вработуваат други лица.

Ова е само една од низата мерки за градење нова, развојна македонска економија, и стимулирање на заштита, промоција и раст на домашната економска понуда.

Со брза и ефикасна трансформација, побрзо и полесно ќе се справиме со последиците и повторно ќе се вратиме на очекуваните стапки на раст на економијата“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он