Во Гвантанамо со глад штрајкуваат 84 затвореници

Од:

Повеќе од половината од затворениците во Центарот за приведување на претпоставени терористи во американската воена база Гвантанамо, во Куба, во моментов се во штрајк со глад, пишува весникот „Индипендент“.

Вкупниот број штрајкувачи достигна 84. Многумин од нив се прихранувани ентерално (директно во стомакот) од страна на затворските власти.

Во затворот во Гвантанамо има 166 затвореници. Повеќето од нив уште од 6 февруари одбиваат да примаат храна. Еден дел протестираат на овој начин против претресувањето на нивните Курани од затворските власти, осомничените дека нивните свети книги им служат за шверц на стоки. Друг дел од затворениците протестираат против тоа што со години се држани во затвор без обвиненија или спроведен процес.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД