Министерот Попоски на 10. Меѓународен форум за безбедност во Женева

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе учествува на 10. Меѓународен форум за безбедност што од денеска до 24 април ќе се одржи во Женева, Швајцарија.

Како што соопшти МНР, за време на високиот сегмент на Конференцијата кој е предвиден за денеска, Попоски ќе има обраќање во рамките на панел дискусијата на тема: „Ревитализација на ОБСЕ – Невозможна мисија?“.

Во својот настап, министерот Попоски се очекува да се осврне на предизвиците со кои се соочува меѓународната безбедносна заедница во контекст на транзициските процеси во регионот на ОБСЕ. Воедно, тој ќе даде свое видување за новиот „процес Хелсинки + 40“, што е резултат на позицијата на земјите членки да се зајакне организацијата со цел за поефикасно справување со постојните и новите безбедносни предизвици.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани