Самарас во јуни ќе разговара со Бан Ки Мун за прашањето за името

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас на почетокот на јуни во Њујорк ќе се сретне со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун со кого ќе разговара за прашањето за името, јави дописникот на МИА од Атина.

Самарас од 2 до 4 јуни во Вашингтон ќе учествува на глобалниот форум на Американскиот еврејски комитет, а високи извори за „Катимерини“ откриваат дека официјална Атина се обидува да закаже и средба со aмериканскиот претседател Барак Обама, кој неколку недели пред тоа, на 16 мај во Белата куќа ќе се сретне со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

На 5 и 6 јуни во Њујорк ќе се одржи конгрес на Американско-грчката комора со цел да се привлечат странски инвестиции во Грција, што во моментов е приоритет на грчката Влада.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната