Развојната банка ќе склучи договори со 476 компании за кредити од Ковид 1, ќе се разгледа можност за дополнителни средства

Од:
Развојната банка ќе склучи договори со 476 компании кои ќе добијат поддршкa од 316.038.500 денари преку кредитната линија од Компензационите фондови од странска помош со цел намалување на последиците од коронавирусот.
Како што соопшти владината прес-служба, на вечерашната седница Владата ја усвоила информацијата на Развојната банка и ја задолжила банката да склучи договори за кредити со кредитобарателите кои ги исполнуваат критериумите во Јавниот повик бр.1, наведени во доставените список бр.3 и список бр.4, односно со 476 компании со барања за поддршка во висина од 316.038.500 денари.
Владата донесе заклучок да се разгледаат можностите за обезбедување дополнителни средства заради големиот интерес од компаниите за овие мерки за намалување на последиците од коронавирусот КОВИД-19.
На оваа седница Владата донесе измени на Уредбата со законска сила за примена на Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поврзување локални патишта за време на вонредна состојба, со кои, по претходна согласност од Светска банка, се овозможува преостанатите средства до 37 милиони евра од овој заем да се пренаменат за исплата на плати на работниците за месец јуни 2020 година, согласно мерката за финансиска поддршка за исплата на платите во висина од 14.500 денари.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада