Во судири во Нигерија загинаа 185 лица

Од:

Во судири помеѓу нигеријската војска и екстремистите загинаа најмалку 185 лица во местото Бага, рибарска заедница на североисток од државата, соопштија официјални лица.

Немирите во Бага започнаа во петок и траеја со часови, поради што населението беше приморано да побегне во соседни места во близина на езерото Чад, пренесе „Асошиејтед прес“.

Куќите, другите објекти и автомобили во подрачјето на Бага се запалени, а локален жител изјави дека војниците тоа намерно го направиле во текот на немирот.

Последните судири означуваат ескалација на бунтовите на север од Нигерија, населен претежно со муслимани, каде што е најактивна екстремистичката група Боко Харам.

Официјалните лица не можеа да кажат колку цивили има меѓу загинатите, а колку војници и екстремисти.

Телата на загинатите многу бргу се сахранети, според законите на локалната муслиманска традиција.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он