Малите парцели се уште проблем во земјоделството

Од:

Фрагментацијата на земјоделското земјиште се уште е еден од клучните проблеми на македонскиот аграр. Ситните парцели ги намалуваат продуктивноста и ефикасноста, а ги зголемуваат трошоците што се одразува врз крајните приходи на производителите, како и на конкурентноста. Ова е заклучокот од денешната Регионална работилница за развој на пазарот на земјиште и земјишна консолидација во земјите од ЕУ.

– Фрагментацијата на земјиштето и малиот обем на земјоделските стопанства се главните фактори што го спречуваат подобрувањето на конкурентноста на пазарот. Имајќи предвид дека во Македонија како и во поголемиот дел од Централната и Источна Европа проблемите што произлегуваат од расцепканоста на земјоделските површини и од малите фарми го отежнуваат развојот на земјоделството и руралните средини, по распределбата на секое парче државно земјоделско земјиште, сега, поголемиот дел од активностите се насочени кон консолидација, односно окрупнување на површините, рече ресорниот министер Љупчо Димовски кој ја отвори работилницата.

Тој очекува консолидацијата да придонесе за обновување на руралните општини, за поголем економски развој и заштита и подобрување на управувањето со природените ресурси.

Во Македонија просечната големина на земјоделски стопанства од 2,5 до 2,8 хектари и на катастарските парцели од 0,3 до 0,5 хектари се далеку под големината на парцелите на земјоделското земјиште во ЕУ. Околу 40 отсто од приватните стопанства се помали бизниси и имаат земјоделско земјиште помало од 2 хектара.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници