Ангеловска: Ќе се поттикнува купување на домашни производи со поголем поврат на ДДВ

Од:

Граѓаните кои ќе купуваат домашен производ, при скенирање на сметките за поврат на ДДВ наместо 15% отсега ќе добиваат 20%. Ова е утврдено со владина уредба донесена вчера, во насока на поттикнување на купување на македонски производи во насока на ревитализирање на македонската економија.

– Со поттикнување на потрошувачката на домашните производи и услуги им помагаме на вработените во производствените капацитети, на угостителите, на занаетчиите…на нашите пријатели, соседи, познаници, но и сограѓани кои не ги познаваме, а сега навистина им е потребна нашата поддршка. Таа поддршка можеме да им ја дадеме, така што наместо странски производ, ќе одбереме домашен. И ние знаеме и умееме да креираме квалитетни производи и услуги. Поддршката на домашните компании е од големо значење, особено сега кога сите земји даваат поддршка на националното производство и услуги – вели министерката за финансии Нина Ангеловска.

За странските производи пак, со уредбата повратот се намалува од 15% на 10%, повторно во насока на стимулирање на купување на домашно производство.

Во МојДДВ учествуваат над 290.000 граѓани, кои даваат придонес во борбата против сивата економија. Со измените кои се донесени, тие ќе се приклучат и во поддршката на домашната економија, на домашните фирми, на зачувувување на работните места на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска