И по вонредната, Филипче ќе може да упатува здравствени работници во други установи каде има потреба

Од:

На денешната седница Владата ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на населението од заразни болести за време на вонредна состојба, со што се уредува воведувањето на коронавирусот КОВИД-19 во групата на заразни болести за кои Законот воспоставува обврска за пријавување од страна на лекарите и здравствените установи како причина за заболување или смрт.

Со Уредбата за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба, која исто така беше усвоена на оваа седница, се уредува можноста министерот за здравство, за целото време на постоење на заразната болест КОВИД-19, а заради ефикасно, ефективно и навремено дијагностицирање, третман, лекување, нега и рехабилитација на лицата заболени од оваа болест, по потреба, со наредба да упатува здравствени работници, односно здравствени соработници и помошно-технички лица вработени во јавна здравствена установа во мрежата на работа во друга јавна здравствена установа во мрежата. Притоа, за време на извршувањето на работата во јавната здравствена установа во која се упатени, здравствените работници, односно здравствените соработници и помошно-техничките лица правата и обврските од работниот однос да ги остваруваат во здравствената установа во која имаат засновано редовен работен однос.

На денешната седница е дополнета и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравственото осигурување за време на вонредна состојба, со што на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија му се дава можност да го утврди начинот и активностите за остварување на правото на лекови на осигуреното лице без приложување на рецепт.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Златко Перински е именуван за В.Д. директор на Фондот за здравствен осигурување

Катерина Ѓуровски

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври