Раководството на американската професионална кошаркарска лига НБА во распоредот на активности пред продолжението на сезоната, предвидува тренерите да можат да започнат работа со играчите на 23 јуни, јавува ЕСПН.
Според извештајот, играчите од странство треба да се пријават во лигата на 15 јуни, додека сите останати се очекуваат на 22 овој месец, пишува во документот од НБА, кој сè уште не е официјално објавен.
Од 23 јуни, главниот тренер на тимот ќе може да биде еден од двајца тренери кои ќе можат да работат лесни тренинзи со играчите.
Сезоната во НБА, која е во прекин од март, кога беше откриено дека неколку играчи се заразени со коронавирусот, ќе продолжи на 30 јули, во комплексот „Свет на спортовите“ во Орландо.