Хонкгонг: Одбележана годишнината од ланските судири со полицијата

Од:

Илјадници луѓе низ Хонгконг со протестни песни и маршеви ја одбележале годишнината од протестите со полицијата, при што повторно избувнало насилство меѓу граѓаните и полицијата.

Стотици демонстранти се собрале во познатите трговски области Куасвеј Беј и Монгкок, и во шопинг центарот Ша Тин. Демонстрантите во Куасвеј Беј носеле транспаренти „Небото ќе ја уништi ЦЦП“, мислејќи на Кинеската комунистичка партија.

Полицијата била во приправност додека демонстрантите извикуваа пароли и ја пееја протестната химна „Слава на Хонгконг“.

Во Монгкок и Куасвеј Беј полицијата подигна сино знаме, предупредувајќи дека собирите се незаконски и може да биде употребена сила за растурање на учесниците.

Група демонстранти се приведени и претресени во Монгкок, а во Куасвеј Беј полицијата употребила солзавец и уапсила неколку демонстранти, вклучувајќи и еден пратеник во парламентот.

Би можело да ве интересира

Смртта на 11-годишната Лијан предизвика гнев во Франција

Шест месеци чекаат плата: Вработени од Клиниката за детски болести на протест

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“

(ВИДЕО) Огромен десничарски протест во Лондон, се одржа и пропалестински марш

А1он

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование