Како дел од кампањата, во еден од предизборните спотови на српскиот претседател Александар Вучиќ, претставено е српско семејство кое патува на викенд во Грција.
Пораката на видео-спотот е: „Викенд во Грција? Да, возможно е!“
„За четири часа сме таму, ќе патуваме по автопат“, вели актерот во спотот, а актерката која глуми негова сопруга држи слика од Александар Вучиќ и на грчки вели „сагапо“, во превод „те сакам“.
Претходно, Вучиќ имаше објавено предизборен спот во кој тој со мало девојче си играа со лего коцки. Видеото наиде на жестоки реакции од јавноста и набрзо беше повлечено.