Девет странци се киднапирани од талибанците во источен Авганистан.
Киднапирањето се случило, откако хеликоптерот, во кој се наоѓале странците, принудно слетал во областа Азра, во провинцијата Логар.
Азра е под контрола на талибанците и тие веќе потврдија дека странците се кај нив.
Засега не се познати причините поради, кои хеликоптерот принудно слетал. Обединетите нации соопштија дека леталото не е нивно.