По Финска, и Норвешка не ја отвора границата кон Шведска

Од:

Норвешка од 15 јуни ќе дозволи патувања до и од Финска, Исланд и шведскиот остров Готланд, но ги задржа постојните ограничувања за патувања за континенталниот дел од Шведска поради големиот број случаи на Ковид-19 во соседната земја.

„Доколку во исто време ги укинеме ограничувањата ризикуваме да ја изгубиме контролата и, во најлош случај, повторно да наметнеме инвазивни мерки,“ изјави норвешкиот премиер Ерна Солберг, пренесоа британските медиуми.

Данска, Финска и Норвешка укинаа одредени забрани за патувања, што ги воведоа за да го спречат ширењето на пандемијата на коронавирусот, но ги задржаа повеќето од забраните за Шведска.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина