Финалето на англискиот ФА куп ќе добие ново име по идеја на принцот Вилијам

Од:

Финалето на ФА Купот оваа сезона ќе биде преименувано во „Heads Up“ со цел да се обрне внимание на проблемите со менталното здравје, изјави принцот Вилијам.

Натпреварот за трофејот на најстариот фудбалски турнир ќе се одигра на „Вембли“ на 1 август, откако паузата со коронавирус ја продолжи сезоната низ цела Европа.

„Емиратс“ го спонзорира ФА купот од 2015 година, но се согласи да го промени името на финалниот натпревар на барање на принцот Вилијам.

Идејата на принцот е да ја популаризира важноста на доброто ментално здравје за луѓето.

„Поминавме низ тежок период со оваа пандемија. За жал, ова ќе има сериозни последици во општеството, не само во фудбалот, во однос на менталното здравје,“ рече војводата од Кембриџ

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство