Сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олена, била тестирана позитивна за коронавирусот, соопштија украинските медиуми.
Како што соопшти кабинетот на Зеленски, тестирани се и претседателот и нивните деца, чии примероци биле негативни.
Во соопштението се наведува дека Олена Зеленска е изолирана од другите членови на семејството, нема никакви симптоми и се чувствува добро. Украинските меидуми наведуваат дека не е јасно каде и кога Зеленска се заразила.
За потсетување, претседателот Зеленски претходно изјави дека планира и намерно да се зарази за да покаже колку е сериозна опасноста.
Сите лица со кои Олена Зеленска била во контакт се информирани за потенцијалниот ризик од инфекцијата.
Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во Украина се доближува до 30.000.