Индустриското производство во еврозоната забележало голем пад во април, кога пандемијата на коронавирусот речиси целосно ја запре производствената активност во Европа, покажуваат денес објавените податоци на Евростат.
Според податоците, индустриското производство во 19-те земји членки на монетарниот блок се намалило за 17,1 процент во април на месечно ниво, а на годишно за 28 отсто, што е најмногу од 1991 година, кога почна да се води оваа евиденција за еврозоната.
Најголемата економска сила во блокот – Германија, забележа пад на индустриското производство во април од 30,2 отсто на годишно ниво, додека Франција и Италија, кои се другите две најсилни економии во блокот, регистрирале уште поголем пад од 34,9, односно 42,5 проценти.
Четвртата најголема економија во еврозоната – Шпанија достигна намалување на индустријата за 34,3 отсто.
Најмалата земја во еврозоната, Луксембург, покажа најлоши резултати, имајќи предвид дека нејзината индустрија доживеа пад за 43,9 проценти во април.
Ирска е единствената земја меѓу 27-те земји членки на ЕУ, која во април остварила пораст на производството за 5,5 отсто на годишно ниво.