Одлуката за вонредна состојба не е поврзана со бројот на заразени од коронавирусот

Од:

Владата и без вонредна состојба ќе може на истиот начин како досега да се справува со пандемијата предизвикана од коронавирусот, неколку пати посочи претседателот Стево Пендаровски и во одговорите на новинарските прашања, појаснувајќи дека Владата има право да ги користи истите механизми за намалување на бројот на заразени. Со тоа, можноста за воведување на полициски час, карантин и други рестрикции останува, со цел да се спречи ширењето на вирусот.

Тој посочи примери каде граѓани, за кои вели дека биле во заблуда што значи вонредната состојба му велеле: „Не им давај вонредна, испоцркавме во полициски час“, по што појасни дека: „Вонредната и полицискиот час нема никаква врска едно со друго, за затворање на општина или цела држава има законска регулатива, односно за тоа нема потреба од Собрание и вонредна состојба“.

Четирите вонредни состојби кои ги воведе, Пендаровски појасни дека една од целите била Владата да обезбеди средства за преку мерки да им помогне на граѓаните и фирмите со финансии, имајќи во предвид дека коронавирусот предизвикал штета врз нивниот буџет.

„Народски кажано, зошто им давам вонредна состојба досега? Нема Парламент и треба. Една позиција од буџетот кој е планиран за во мирнодопско време, сега се префрли во друга позиција. Тоа се прави со закон. Немаме Собрание. Јас давам вонредна за со уредба која има законска сила да направат пренамена на средства. Второ, се задолжуваме пред странски кредитори. Тоа се прави со закон во парламент, а бидејќи немаме, јас давам повторно вонредна за тоа да го направиме“, посочи Пендаровски.

Освен тоа, доколку вонредната состојба не била воведена, Владата немала да има средства за да се направат резерви со медицинска и заштитна опрема која е потребна во текот на целата пандемија.

„Ниту една од претходните четири вонредни состојби не беа воведени поради бројката на заразени и во тој момент починати лица. Тие беа воведени бидејќи немаме Парламент, да и се овозможи на Владата која е техничка, да носи мерки во економско-социјалната сфера и здравствената сфера. Според информациите на Владата тие успеале да ги пополнат сите залихи и магацини со неопходната медицинска заштитна опрема и во изминативе месеци со трите сета економски мерки, тие тврдат дека во актуелниот буџет имаат финансиско покритие да ја покријат цела помош до мали и средни претпријатија, како и сите категории на луѓе кои останаа без работа бидејќи фирмите не можеа да работат“, рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

(ВИДЕО) Пендаровски во Маврово: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Сиљановска