Се реализираат повеќе инфраструктурни проекти во општина Велес

Од:

Општина Велес реализира повеќе инфраструктурни проекти. Во тек е проектот за изградба на фекална канализација во објектот „Вел Сити“ како и проектот за реконструкција на санитарните јазли во спортската сала.

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски информира дека се спроведуваат и градежни работи за изградба на потпорниот ѕид на улицата „Рилски конгрес“, а завршено е бетонирањето на дел од улицата „Нада Бутникошарева“ во близина на Градскиот пазар.

ЈКП „Дервен“ интензивно работи на реконструкција на градските фонтани, а се реконструира и водоводната и канализациона мрежа на улицата „Трајче Петкановски” во населбата Превалец.

Општината одвоила 800 илјади денари од општинскиот буџет за бетонирање на улицата кај „Долна чешма” во селото Бузалково, во должина од 230 метри.

Според информациите од Министерството за транспорт, како што истакна Коцевски, на јавниот повик за најповолен изведувач за изградба на водоводниот систем за селата Бузалково и Раштани се пријавиле осум компании.

– Во тек е еваулација на понудите и се надевам дека ќе биде извршен избор на најповолен изведувач и дека ќе може да почнат со градежни работи. Средствата се обезбедени од Европската инвестициона банка, рече Коцевски.

Би можело да ве интересира

Насилник од Велес им избега на шест полицајци, иако еден од нив пукал во воздух за да го исплаши

Петгодишно дете од Велес е повредено во сообраќајка, итно е пренесено на скопските Клиники

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата