Полската војска се повлекува од чешка територија, каде била „по грешка“

Од:

Полската армија се повлекува од позицијата на чешката територија што „ненамерно“ ја окупирала при затворањето на границата поради пандемијата на коронавирусот, објави денеска полската Врховна воена команда.

Полските сили воспоставиле граничен премин долж полско-чешката граница за време на пандемијата, со што го блокирале патот од чешката страна што води кон историски значајната капела, по што чешките власти се пожалиле во Варшава.

– Имаше недоразбирање од полска страна, капелата сега е достапена, рече портпаролката на чешкото Министерство за надворешни работи Хана Мала.

Полската војска објави дека оваа постапка била „недоразбирање, а не намерно дејствување и оти истата е исправена веднаш“, пренесува Политико.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани

Драма во Полска: Туристи затрупани под снежна лавина, спасувачите не ја знаат точната бројка

Петр Павел: Мора да бидеме подготвени за тоа дека САД ќе не остават на цедило

А1он

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска