Лацио ќе го продолжи договорот со тренерот Симоне Инзаги, пренесува италијанскиот спортски весник „Ил Месаџеро“.
Според извештајот, претседателот на римскиот клуб Клаудио Лотито има намера да му понуди на 44-годишниот Инзаги договор до јуни 2023 година.
Тековниот договор на стручњакот и поранешен долгогодишен фудбалер на римскиот клуб е до летото следната година.
Според новиот договор, Инзаги ќе заработува 2,5 милиони евра годишно. Доколку Лацио ја освои титулата во Италија под негово водство, платата на тренерот ќе се зголеми на 3 милиони евра годишно. Инзаги е на чело на „орлите“ уште од летото 2016 година.
Фудбалската сезона во најсилната италијанска лига е во пауза од март, а ќе продолжи идната недела. По 26 одиграни кола оваа сезона, Лацио е на второто место зад лидерот Јувентус.