Симовски: Ако треба ќе работиме и попладне, можеме да го подготвиме Избирачкиот список за избори на 5 јули

Од:

Државниот завод за статистика чека Државната изборна комисија официјално да побара од нив подготовка на Избирачкиот список откако синоќа Владата донесе Уредба со која ги задолжи да продолжат со подготовките прекинати а 21 март. Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вели дека, без оглед на тоа што поради мерките за спречување на коронавирусот дел од вработените се дома, тие се подготвени да одговорат на барањата од Уредбата.

„ Во постојана комуникација сме со Државната изборна комисија и уште чекаме да побараат од нас ажурирање на Избирачкиот список. Екипата е подготвена и сметам дека без проблеми можеме да одговориме на барањата посочени во Уредбата. Тоа се координирани активности со ДИК, откако ќе ги добиеме податоците и ќе ги сработиме ги праќаме кај нив, па потоа повторно стигнуваат кај нас до крајот на целата постапка и во овој момент не можам да кажам колку време би ни требало за да ги завршиме подготовките. Можеби ќе ни треба малку повеќе време од вообичаено, но подготвени сме да работиме и попладне или и за време на викенд и сметам дека без проблем можеме да ја завршиме работата и во случај изборите да бидат на 5 јули“, вели директорот Симовски за „А1он“.

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, утрово изјави дека ќе чека официјално да ја добие Уредбата па потоа да се изјасни за нејзината содржина

Државниот завод за статистика во соработка со ДИК во Избирачкиот список треба да ги внесе промените што настанале од последното ажурирање на списокот до сега односно да ги избрише починатите лица, да ги додаде оние кои наполниле 18 години и добиле право на глас, како и да ги внесе измените на оние кои смениле адреси и треба да гласаат на нови избирачки места.

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, утрово изјави дека ќе чека официјално да ја добие Уредбата па потоа да се изјасни за нејзината содржина.

Владата синоќа усвои дополнување на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес, со која го задолжи МВР во рок од еден ден од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, да ги достави до ДИК податоците од членот 43 ставот 6 на Изборниот законик, односно листа на државјани кои поднеле барање за издавање на нова лична карта или патна исправа по било кој основ и кои ги подигнале од денот на распишување на изборите до денот на влегувањето во сила на оваа уредба. Со оваа Уредба, МВР треба да достави листа на лица кои ќе наполнат 18 години до денот на изборите, односно дваесет и вториот ден од престанокот на траењето на вонредна состојба.

Уредбата ги обврза ДИК и Државниот завод за статистика да ги продолжат дејствијата за ажирурање на избирачкиот список прекинати на 21 март 2020 година,согласно Изборниот законик.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он