Ќе се олеснува пристапот во СВР Тетово за лицата со хендикеп

Од:

Во дворот на тетовската полиција започнати се активности за подобрување на пристапот до трите згради на оваа институција за лицата со хендикеп, како и за хортикултурно уредување.

-Во дворот на СВР Тетово се планира да се обликуваат и посебни патеки за непречено движење на лицата со хендикеп и за нивен полесен пристап до службите за издавање лични документи. Во план е, исто така, да се обликуваат и две отворени чекални, каде граѓаните ќе можат да пополнат обрасци и да се засолнат од Сонце или дожд, потенцира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од активностите за средување и разубавување на просторот пред и околу трите деловни објекти денеска биле засадени десетина нови украсни дрвца.

-Идната недела ќе се постават и нови клупи за седење, како и наменски систем за наводнување на зеленилото, информираше Јосифоски.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово потенциртат дека и во иднина ќе се работи на подобрување на вкупните услови за работа и за давање услуги на граѓаните.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Тело на мртов маж од Тетово е пројдено во семејното возило, полицијата истражува дали е убиство или самоубиство

Горан Наумовски

Поплавени подвозниците во Тетово, атмосферските и фекалните води не се апсорбираат

Катерина Ѓуровски