Поетско-музички перформанс „Љубовта е најважна“

Од:

Поетско-музички перформанс „Љубовта е најважна“ ќе се одржи денеска во паркот пред Културно информативниот центар – Скопје.

– Изминатиов период, уште еднаш ни покажа дека и во непредвидливи, најтешки ситуации кои не можеме да ги контролираме, единствено љубовта е главниот двигател на човекот и таа му дава сила да издржи и да се прилагоди на сите предизвици. Не џабе низ векови од постоење на цивилизацијата, емпатијата и љубовта кон луѓето создавала „чуда“, а уметниците, писателите, актерите, музичарите љубовта ја земале како неприкосновна вечна инспирација во своите дела, велат од КИЦ-Скопје.

Токму настанот „Љубовта е најважна“, велат оттаму, ќе го посветиме на поезијата и музиката создадена од љубовната инспирација.

– На настанот делови од најубавата македонска поезија ќе чита Татјана Гогоска. Љубовните звуци ќе ги чуеме преку хармониката на Јовче Петковски и неговите ученици а сето тоа под модераторство на Валентина Ѓоргиевска- Парго, се вели во соопштението.

Настанот може да се проследи на Фејсбук страната на КИЦ – Скопје.

Би можело да ве интересира

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Предраг Петровиќ

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците

Синдикатот на МКЦ бара надлежните институции да најдат решение за хонорарно ангажираните лица

Горан Наумовски

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Бени Шаќири нов директор на МКЦ

VILLAGERS OF IOANNINA CITY за прв пат во Скопје