Жена од Косово, вратена од Сирија, обвинета за тероризам

Од:

Во Приштина денеска е поднесено обвинение против Албанка за тероризам за наводно пристапување во екстремистичката група Исламска држава во Сирија, јави Бета.

Жената идентификувана само како В.И. во согласност со законите за приватност, заминала со сопругот во Шведска во ноември 2014 година, од каде воспоставиле врски со ИД, наведуваат обвинителите.
Оттаму, тие, наводно, заминале за Турција, а потоа преминале во Сирија. Обвинетата работела во различни градови помагајќи им на нејзиниот сопруг и други борци на ИД со логистика и заработувала 150 американски долари месечно, соопштија обвинителите.

Таа била уапсена од курдските сили во 2018 година и предадена на Косово, како дел од групата од 110 граѓани, која се вратија во април 2019 година со помош на американската војска, соопштија обвинителите.

Осомничената би можела да добие казна од 15 години затвор доколку биде прогласена за виновна.

Нема дополнителни информации за нејзиниот сопруг.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее