Претсавничкиот дом во Конгресот, во САД повторно го изгласа Cispa, закон кој по многумина значи почеток на крајот на приватноста на интернетот и кој на сајтовите им овозможува личните податоци на корисниците да им ги проследат на властите без нивна дозвола.
Одлуката на им е допадна на хакерската група Анонимуси, кои повикаа на протест на 22-ри април.
Како што пренесуваат медиуми, Cispa (Cyber Intelligence Sharing and Protection Act) e закон кој е заштита од сајбер тероризмот и други обиди на напади, но таа ќе им овозможи на приватните компании со други корпорации и американската влада да ги споделуваат податоците на своите корисници, дури и во случаи во кои компаниите се обврзале дека тоа нема да го направат.
Елена Георгиевска