Четири куќи гореа синоќа во Струмица

Од:

Доцна синоќа во една семејна куќа на улицата „Крушевска Република“ во Струмица избувна пожар од каде беа зафатени уште три кровни конструкции на куќи кои се една до друга.

Информацијата за Радио СтрумицаНет ја потврди командирот на Струмичката противпожарна единица, Мијалчо Крстев.

Во пожарот нема повредени, само е причинета материјална штета. Во акцијата на гаснење на пожарот биле ангажирани две противпожарни возила со 9 пожарникари.

Надлежните служби дополнително ќе ја утврдуваат причината за пожарот и материјалната штета.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат