Адеми: Посакуваме од 1 септември враќање во училишните клупи

Од:

Сакаме учениците да се вратат на училиште зашто наставата таму нема замена, колку и да се трудиме. Ќе бидеме подготвени за какво било сценарио, но посакуваме во најнормални услови и околности да се вратиме во училиштата од 1 септември, рече министерот за образование и наука Арбер Адеми.

По повод крајот на учебната 2019/2020 година, министерот Адеми и на својот Фејсбук-профил им честитаташе на учениците за постигнатите успеси и стекнатото знаење, посакувајќи им пријатен распуст до почетокот на новата учебна година, со надеж дека „ќе се вратиме во училишните клупи“.

-Драги ученици, би посакал оваа учебна година, како претходните години да ја завршивте во училишните клупи, насмеани заедно со вашите другари и другарки! Но, понекогаш работите не одат како што сакаме ние… И покрај фактот дека не може да се замени наставата во училишните клупи, вие покажавте максимален интерес и посветеност да продолжите да учите од далечина со помош на родителите, и не се сомневам дека сте ја постигнувале целта, напиша Адеми на Фејсбук и им предложи на учениците на распустот да прочитаат некоја книга или лектира и да се вклучат во спортски активности. На матурантите и дипломците, пак, им посакува успех во уписите.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови