Корона дијалози „Криминолошките и криминалистички влијанија од глобалната пандемија“

Од:

„Криминолошките и криминалистички влијанија од глобалната пандемија„ е тема на денешните шестти по ред е – корона дијалози,во организација на Универзитет „Св.Климент Охридски„-Битола.

Како што е најавено, во е – дијалозите ќе учествуваат проф. д-р Горазд Мешко од Универзитетот во Марибор, проф. д-р Крунослав Боровец, декан на Високата полициска школа-Загреб, проф. д-р Весна Стефановска, Факултет за безбедност-Скопје, проф. д-р Ангелина Станојовска, Правен факултет- Кичево, а модератор на дискусијата ќе биде проф. д-р Марјан Ѓуровски, УКЛО.

– Очекувано е намалувањето на насилните и имотните кривични дела. Но, рестриктивните мерки значат намалување на уличниот криминал, а тоа не е единствениот вид криминал, а бидејќи секоја криза е нова можност, така и оваа е плодна почва за одредени видови криминално однесување, кои се проблем, како што се семејното и родово заснованото насилство, кривичните дела од омраза, сајберкриминал, кривични дела против јавниот ред и мир, и се разбира, кривичните дела против здравјето на луѓето, стои во соопштението од организаторите на настанот.

Прогнозите на Европол, се посочува, укажуваат дека е очекуван глобален импакт по завршувањето на пандемијата и зголемување на имотниот криминал, криумчарењето мигранти, трговијата со луѓе и сајбер-криминалот.

Би можело да ве интересира

Проректор Ѓуровски: Високото образование да создава кадар кој потребен на бизнисот за отворање на нови работни места

Ана Ололовска

Потпишан Меморандум за поинтензивна соработка меѓу УКЛО и приватниот безбедносен сектор

Ана Ололовска

УКЛО потпиша договор за соработка со Криминалистичко-полицискиот Универзитет од Белград

Жарко Настоски

ЦУК и академската заедница почнуваат интензивна соработка

Ана Ололовска

Директорот на Агенцијата за национална безбедност Димовски ќе предава пред студентите на Факултетот за безбедност-Скопје

Ана Ололовска

Еразмус + форум во организација на УКЛО и Националната агенција за образовни програми и мобилност

Ана Ололовска