Трамп: Околу 640 американски војници остануваат во КФОР

Од:

Околу 640 американски војници, кои во моментов се дел од КФОР, ќе останат во Косово како дел од силите од околу 4.000, потврди американскиот претседател Доналд Трамп во писмото до спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и до вториот највисокорангиран функционер на Сенатот, републиканецот Чак Грасли.

Според „Гласот на Америка“, станува збор за писмо во кое претседателот Трамп и неговата администрација, во согласност со Резолуцијата за воени сили (Закон 93-148), се стремат да го информираат Конгресот за распоредување на вооружени сили на САД опремени за борба низ целиот свет.

Во делот од писмото за Косово, Трамп наведува дека „САД продолжуваат да даваат придонес кон силите на КФОР, предводени од НАТО, во соработка со локалните власти, билатералните партнери и меѓународните институции, со цел да се избегнат обновените непријателства во Косово“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот