Се гласа во Центар, Струга, Долнени и Ѓорче Птеров

Од:

 Вториот круг од петтите локални избори денеска се прегласува на 29 избирачки места во скопската општина Центар, на девет во Струга и во едно во скопската општина Ѓорче Петров. Втор круг од локалните избори се одржува во општина Долнени на 39 избирачки места. Гласањето започна во 7 часот, а избирачките места ќе бидат затворени во 19 часот.

Во општина Центар се прегласува на избирачките места 2796, 2797 и 2799  во ОУ „Кочо Рацин“, 2802 во ДСУ „Д-р Панче Караѓозов”, 2805 во Детскиот дом „11 Октомври“, избирачки места 2806, 2808, 2810 и 2811 во ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, 2815 во Дом на АРМ, 2817  во ОУ „Димитар Миладинов“ поранешно „Браќа Рибар“, 2822 во ОУ „Кирил и Методиј“, 2832 и 2833 ОУ „11-ти Октомври“, 2839 во Работнички универзитет, 2842 во Погонот на ЖТП на ул. Христо Смирненски бр. 28, 2843, 2845 и 2847 во ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци, 2848 и 2849 во ОУ „Гоце Делчев“, 2854 во Фудбалски сојуз на Македонија, 2855 и 2856 во Дом на градежните, 2861, 2862,2863,2866 и 2867 во ОУ „Коле Неделковски“. Вкупниот број гласачи на овие избирачки места изнесува 22.939.

Во Струга се гласа на избирачките места 1852 во Управната зграда на ХЕЦ „Глобочица“, 1857 во Управната зграда на Медицинскиот центар, 1860 во Општинската зграда, 1877 во основното училиште во Радолишта, 1883 и 1884 во основното училиште во Октиси, 1904 во основното училиште во Бороец и во 1910 и 1911 во основното училиште во Подгорци. Во деветте избирачки места во Струга треба да гласаат 7.885 граѓани.

Во Ѓорче Петров се прегласува во избирачкото место 2588 во културниот дом Волково во селото Волково. Запишани во избирачкиот список на ова изборно место се 1.320 граѓани со право на глас. Иако еден од кандидатите за градоначалници во општината се откажа од прегласувањето, Државната изборна комисија соопшти дека гласање во оваа општина ќе има.

Во Долнени на 39-те избирачки места се одржува втор круг од гласањето на локалните избори. Во избирачкиот список се запишани 10.521 граѓанин.

По затворањето на избирачките места ќе започнат да течат роковите за претставки до ОИК односно до ДИК. ев/паг

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар