Кривична пријава за двајца скопјани за злоупотреба на дозвола за движење во полициски час

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против М.А.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување службена исправа“, како и против Х.Х.(56) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Првопријавениот, соопштија денеска од МВР, во својство на сопственик и управител на правно лице, во период на постоење на вонредна состојба и одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на цела држава, издал „дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа“ и покрај тоа што правното лице нема регистрирано ноќна работа. Второпријавениот, во два навратa бил сопрен и контролиран од полициски службеници, при што како доказ дека легално се движи и поседува дозвола за движење на увид им ја приложил дозволата за движење поради вршење на сменска и ноќна работа.

Би можело да ве интересира

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он