Канадска монета од еден цент продадена за 253.000 долари

Од:

Нумизматичкиот раритет, канадскиот цент, попознат како Кралот на канадските монети или Центот од 1936 година со точка, е продаден на наддавање во предградие на Чикаго за 253.000 долари, соопшти аукциската куќа „Херитиџ“.

Новиот сопственик на ретката монета е канадски колекционер, информираат руските медиуми.

Канадскиот кралски монетарен двор исковал само три такви центи со точка. На предната страна на монетата може да се види профилот на кралот на Велика Британија Џорџ Петти. Тој починал во 1936 година.

Според правилата и традициите монетнарниот двор требало да искова монети од еден цент со ликот на наследникот Едвард Седми, но тој се одрекол од престолот на 11 декември 1936 година, за да се ожени за Американката Волис Симсон. На тронот седнува неговиот брат Алберт, кој го прифати името Џорџ Петти.

Поради оваа причина отисокот за ковање на монетите со ликот на Едвард веќе не биле за користење. Монетарниот двор бил принуден да ги употреби отисоците во 1936 година, но било одлучено под датумот да се додаде мала точка за да се разликуваат од центите, што во оптек биле пуштени порано.

Од 1951 до 1996 година сите три монети биле чувани во колекцијата на познатиот американски нумизматичар Џон Питман. По неговата смрт една е продадена во 1999 година за 115.000 долари, втората во 2003 година за 230.000 долари, а потоа препродадена во 2004 година за 402.500 долари. Третата монета, исто така, била продадена во 2004 година за 207.000 долари и токму таа повторно беше предложена за наддавањето на „Херитиџ“.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ