Белгиската економија, според прогнозата на Централната банка на земјата, ќе изгуби три години економски раст поради кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19“.
Како што е објаснето во денешното соопштение на белгиската централна банка, економското закрепнување во 2021 и 2022 година нема да може да го компензира предвидениот пад за оваа година.
Централната банка на Белгија информира дека бруто-домашниот производ на шестата најголема економија во еврозоната ќе падне за 9,0 проценти оваа година, проследено со раст од 6,4 проценти следната година, и 2,3 проценти во 2022 година.