ФОТО: Пуштен во употреба новиот парк во населбата „Тризла“ во Прилеп

Од:

Денеска во населбата „Тризла“ градоначалникот Марјан Ристески и директорот на ЈКП „Комуналец“, Златко Ристески, во присуство на голем број граѓани од оваа населба, го пуштија во употреба новиот парк.

Паркот е на површина од 1000 м2 и опремен е со бехатон-плочки со површина од 500 м2.

Неговата изградба е по барање на жителите на населбата „Тризла“. Паркот е комплетно партерно и хортикултурно уреден со нови насади на трева, со нови клупи и, она што предизвикува особено задоволство кај младите, новоизграденото детско катче, кое изобилува со нови детски реквизити.

Средствата за изградба на паркот се во висина од 600 илјади денари, издвоени од буџетот на локална самоуправа.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски