Најбезбедни држави во планот за заштита од пандемијата на коронавирусот е Швајцарија, додека најнебезбеден е Јужен Судан, покажува листата на „Форбс“.
Балканските земји: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија, според овие параметри, се наоѓаат пред светските сили – Русија и Америка, а Македонија ја нема воопшто на листата, бидејќи магазинот „Форбс“ ги претставува само првите 100 држави според планот за заштита од пандемијата.
Но, ако се погледне комплетниот извештај, може да се види дека земјава е на 103-то место, зад сите останати земји од регионот.
Македонија е во иста група со Куба, Узбекистан, Нигерија, Боцвана, Таџикистан, а сите земји од регионот се пред нас.
На листата, од регионот, најдобро котира Словенија – 32 место, четири места зад неа е Хрватска, додека Црна Гора е на 42-то место. Србија пак се најде на 54 место.
Податоците се базираат на 130 квалитетни и квантитетни параметри, како и на повеќе од 11.000 информации во такви категории, како што се ефикасност на карантинот, мониторинг и откривање на заразени, стабилност на здравствениот систем и ефикансост на владата.
Првите места ги зазедоа Швајцарија и Германија, поради силната економија и претпазливоста за време на олабавувањето на мерките. Трето место му припадна на Израел, четврто Сингапур, петто Јапонија, шесто Австралија, седмо Кина.
САД се на 58 место, а Русија на 61. Во овој момент, според извештајот, држави без соодветен план за заштита се Африка, јужно од Сахара, Јужна Америка, како и некои блискоисточни земји и држави од Пацификот.