Во Франција има 150 познати кластери на епидемијата на коронавирусот

Од:

Француските власти тврдат дека епидемијата на коронавирусот е под контрола. Од 2 јуни земјата почна со широки мерки за излегување од строгата изолација, но, сепак, има регистрирани 150 кластери и оваа бројка се зголемува, што зборува дека вирусот и натаму циркулира меѓу населението.

Од крајот на изолацијата, епидемиолошките жаришта се предмет на зголемен надзор од страна на здравствените власти. Кластерите со Ковид-19 се наведени во неделниот епидемиолошки билтен издаван од Санте Франс.

Од 11 мај во земјата има регистрирано 150 жаришта, во што не се вклучени домовите за стари лица и потесните семејни кругови, а од нив 142 се на европската територија на Франција. Буш-ди-Рон, Норд и Долна-Рин се трите департмани во кои има најголем број од овие групирани случаи, што главно се во здравствени установи, фирми и социјални центри за сместување и вклучување во општеството.

Бројот на откриени кластери секоја недела се зголемува, што е знак дека вирусот продолжува да циркулира на територијата. Иако не постои универзална дефиниција, француското јавно здравство утврди дека за кластер се зборува со „појавата на најмалку три потврдени или веројатни случаи, во период од седум дена и кои припаѓаат на истата заедница или учествувале на ист собир на луѓе, без разлика дали се познаваат или не “.

Националната здравствена агенција уверува дека во земјата не е пријавен ниту едно неконтролирано ширење на вирусот. речиси 40 отсто од идентификуваните кластери се веќе или под контрола или се затворени, што, според неа, е доказ дека функционира системот за броз известување и откривање на овие жариша и овозможува да се прекинат синџирите за пренесување на новиот коронавирус.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата