Дванаесет проирански борци загинаа во израелски напади со дронови во Сирија

Од:

Дванаесет лица загинаа синоќа во напади со беспилотни летала врз иранските милиции во регионот на Деир Езор во источна Сирија, соопшти сирискиот Центар за мониторинг на човековите права.

Организацијата која ја следи сириската граѓанска војна, со седиште во Велика Британија, соопшти дека иранските позиции осум пати биле погодени пред полноќ.

Како што наведува Центарот, нападнатите позиции пред три дена биле повторно обновени и снабдени, а во нападот биле уништени муниција и возила.

Меѓу 12-те жртви се и авганистански и ирачки припадници на проиранската милиција.

Претседателот на Центарот, Рами Абдул Рахман, за француските медиуми изјави дека Израел веројатно е одговорен за нападите.

Деир Езор, исто така, беше цел на претходните напади што му се припишуваат на Израел, земјата која изврши стотици воздушни напади во Сирија откако почна граѓанската војна во земјата во 2011 година, гаѓајќи ги силите кои се борат на страната на владата во Дамаск, сојузниците на иранските сили и борците од либанската шиитска организација Хезболах.

Најновите напади се случуваат по израелските напади врз фабриката за оружје во областа Масјаф во северна Сирија, во четвртокот вечерта, кога девет лица загинаа и беше причинета голема штета, јавуваат израелските медиуми од Сирија. Во нападот од четвртокот беа убиени четворица Сиријци, додека националноста на останатите пет жртви е непозната, објави Центарот за човекови права.

На видео снимка од Сирија, објавена на социјалните мрежи, се гледа истрелана сириска противвоздушна ракета и големи пожари на земја, најверојатно предизвикани од воздушните напади.

Израел вообичаено не ги коментира индивидуалните напади, но признава дека извршувал напади во Сирија.

Би можело да ве интересира

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски