Малта прифати 400 мигранти од бродовите пред нејзиниот брег

Од:

Малта се согласи да прими околу 400 мигранти кои со недели се наоѓаат на бродовите што се наоѓаат во непосредна близина на нејзиниот брег, чекајќи го исходот од преговорите со земјите од Европската унија за нивно прифаќање.

Малтешката Влада соопшти дека се уште се обидува да преговара за преместување на мигрантите во други европски земји, но одлучи да им дозволи да се истоварат на брегот, бидејќи ситуацијата на бродовите станала многу тешка.

Мигрантите веќе неколку недели се наоѓаа на четири бродови пред територијалните води на Малта, откако беа спасени од различни бродови на шверрцери со луѓе во Средоземното Море, пренесуваат американските медиуми.

Малта ги затвори своите пристаништа поради епидемијата на коронавирусот, но упати бродови за мигрантите чекајќи другите членки на ЕУ да им се придружат и да ги примат.

Франција се согласи да прими некои од нив, но не кажа колку, очекувајќи Европската комисија да ја организира нивната распределба меѓу членките на Унијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on