Пет нови случаи на полицајци заразени со коронавирус

Од:

Нови пет случаи на заразени полицајци со коронавирус се регистрирани во МВР, со што, вкупниот број на припадници на министерството кои се заразени од вирусот се искачува на 27 случаи, дознава „А1он“. Според информациите, станува збор за службеници кои работат во граничната полиција, односно ја обезбедуваат јужната граница.

Во изолација се 56 припадници на МВР, поради претходен директен контакт со заразени колеги. Епидемиолошките анкети ќе треба да покажат кој е нултиот пациент од кого почнала да се шири заразата.

Новите пет заболени во МВР, се дијагностицираат по две недели откако позитивен тест за коронавирус имаа седум вработени во Единицата за брзо распоредување, кои престојуваа во Охрид поради работни активности. Тогаш, во изолација беа ставени 39 лица кои имале контакт со нив.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера посочи дека има и 13 здравствени работници кои се заболени од коронавирусот, од кои 11 се од ГОБ „8 септември“, а двајца од Гинеколошко-акушерската клиника.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска