МВР: На 722 лицa им се издадени решенија за изолација, а 185 лица потпишале изјави за самоизолација

Од:

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија, МВР издаде решенија за изолација на вкупно 722 лицa , а 185 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани прекршувања на мерката за изолација и самоизолација.

По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 481 прекршоци.

Исто така, по однос на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е од страна на МВР дека на ниво на целата држава 203 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 155 лица.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР