Обвинителството во Гостивар даде наредба за истражна постапка за убиство

Од:

Наредба за истражна постапка за убиство денеска донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар против 33-годишно лице од селото Чегране. Поради опасност од бегство за истиот е побаран и притвор.

Како што соопшти ЈО, осомничениот на 4 јуни на улицата „Илинденска“ во Гостивар, во близина на бензинска пумпа, се обидел да лиши од живот друго лице, исто така од селото Чегране.

-По претходен меѓусебен договор да се најдат на наведеното место, двајцата започнале меѓусебна вербална расправија, по што осомничениот извадил нож од џебот и му задал два удари на оштетениот – во пределот на рамото и во задниот дел на главата, нанесувајќи му тешки телесни повреди. По настанот осомничениот се упатил кон полициска станица, каде што сам се пријавил како сторител нa делото. Поради сериозноста на повредите, оштетениот е префрлен од Ургентниот центар во Гостивар во Клиничкиот центар во Скопје, се наведува во соопштението на ЈО.

Би можело да ве интересира

Три лица пронајдени починати во Скопје, наредени обдукции

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците

Кривина пријава за жител на Пласница кој го отшетил возот „Ќиро“

Професор истепал ученичка во средо училиште во Кичево

Го тепал, го принудувал орално да го задоволува и да користи дрога – кумановец киднапирал сограѓанин

Тетовец силувал 15-годишно девојче, мајка и молчела поради љубовна врска со него