Најмалку 12 лица се удавија, а две се водат како исчезнати, по денешниот судир на брод кој што се преврте во реката Арири, во близина на бразилската држава Амазон.
Бродот со 60 патници, тргнал од пристаништето на градот Чавес, на островот Марахо, на десетдневно крстарење до Белем, главниот град на северната држава Пара, изјави поручник од крајбрежната служба Марко Антонио Коста.
Два хеликоптера, неколку нуркачи и еден брод учествуваат во акцијата за спасување на патниците .
Елена Георгиевска