СДСМ: Заеднички ќе го совладаме коронавирусот, најважно е да ги почитуваме мерките и да се заштитиме

Од:

„Рестриктивните мерки се неопходни за да се обезбеди брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот.

Само на тој начин и со почитување на мерките ќе го заштитиме здравјето на граѓаните и ќе се справиме со здравствените предизвици.

Вирусот Ковид 19 е реална појава и затоа никој не смее да ја игнорира оваа закана, бидејќи на тој начин ја загрозува личната и колективната здравствена состојба.

Вирусот е присутен и опасен и само со почитувањето на мерките ќе успееме“, велат од СДСМ.

„Покажавме дека имаме добра стратегија, ефикасните мерки дадоа резултати, но само заедно со граѓаните и со доследно и постојано почитување на мерките за заштита можеме да успееме.

Општина Дебар е одличен пример за тоа како добра стратегија со почитување на мерките за заштита дава загарантиран успех.

Имавме одлични резултати, здравствениот систем е подготвен, неопходно ни е единство и дисциплина за да успееме.

Затоа, секој мора да ги почитува сите мерки, во целост. Тие се основна алатка за намалување на ширењето на заразата. Онаму каде има добри резултати, тоа е така затоа што се почитуваат мерките и препораките на здравствените власти.

Секој мора да носи маска, да се дезинфицира редовно, да држи дистанца од 2 метри и да нема групирање.

А овој викенд, сите да останеме дома, со своите семејства. Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој.

Упатуваме голема поддршка до сите здравствени работници кои се столбот во овие клучни моменти, но и до сите граѓани кои ги почитуваат мерките и се грижат за личното и јавното здравје.

Само ако сме обединети ќе го надминеме овој предизвик“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски