Протестени маршеви во Албанија против сексуалното насилство

Од:

Под мотото „За украденото детство“ доцна попладнево во Тирана, Драч и Валона, се одржаа протестни маршеви на кои учествува илјадници граѓани, главно жени заедно со нивните ќерки.

Ова се случува по обелоденувањето на сексулното злоставување на 15-годишна ученичка од страна на 65-годишен чувар на училиште. Обвинетиот, освен што тоа го правел под присила и закана дозволил девојчето да го силуваат и неколкумина адолесценти.

На протестот во Тирана имаше и познати имиња,како поранешната пратеничка Грида Дума, албанската музичка ѕвезда Аурела Гаќе, пратеникот Халит Валтери и многу други, кои маршираа од плоштадот „Мајка Тереза“ до пред зградата на Министертвото за образование.

Учесниците носеа плакати на кои најчесто пишуваше „Смрт за педофилите„ и „Сакаме правда“.

Претходно на денешната пленарна седница пратеникот Валтери побара враќање на смрттната казна во Албанија, додавајќи дека „кој ќе допре дете да биде обесен во центарот на градот“.

-Кој ќе допре дете да биде обесен, да се врати смрттната казна, апелирам да почнеме иницијатива за тоа и да го измениме кривичниот законик. Овој педофил треба да се обеси во ценатрот на градот, рече тој од собраниската говорница.

Во Албанија, според учесниците во протестниот марш, 12 отсто од децата сексуално се вознемирувани, додека пет отсто сексулно се злоставувувани.

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција