Парламентот во Хонгконг го усвои Законот за кинеската химна

Од:

Парламентот на Хонгконг денеска го усвои спорниот предлог-закон со кој се забранува навредување на кинеската химна.

Законот е усвоен и покрај обидите на продемократската опозиција да се оневозможи гласањето.

За опозицијата со Законот се нарушува слободата на изразување и правата на жителите на полуавтономната област.

Додека прокинеското мнозинство тврди дека Законот е неопходен за граѓаните на Хонгконг да покажат поголема почит кон химната на Кина.

Законот предвидува тие што ќе ја користат химната во комерцијални цели или јавно и намерно ја навредуваат, парична казна од 6.450 американски долари или затвор до три години.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше